Откако супермоделката Жизел Бундшен на својот профил на „Инстаграм“ најави дека е новото заштитно лице на легендарниот парфем Chanel No. 5, модната куќа „Шанел“ го промовира новото видео потпишано од Баз Лурман. Австралискиот режисер веќе неколку пати реализира кратки филмови за Chanel No. 5, но претходно соработуваше со својата миленичка и поранешното заштитно лице на парфемот Никол Кидман. Во новиот мини-филм главните улоги ги имаат Жизел и актерот Михел Хусман, познат по улогата во серијата „Игра на тронови“. Во позадина се слуша една малку поинаква изведба од младиот музичар Ло-Фанг на You’re the One That I Want, популарниот хит од „Брилијантин“, а во видеото се задржува и естетиката на Мулен Руж, толку омилена за режисерот. Новиот мини-филм на „Шанел“ вчера беше премиерно прикажан на вечерна промоција во Њујорк, на која ѕвезди беа Жизел и Баз Лурман, а се појавија и креативниот директор на куќата Карл Лагерфелд, Ана Винтур од Vogue, Лили Ален, Каролин де Мегре, Попи Делевињ, манекенките Карли Клос и Тони Гарн. Жизел исто така ќе биде и заштитно лице на рекламната кампања на „Шанел“ за сезоната пролет-лето 2015.
Нема коментари