Двајца македонски дизајнери, Драган Христов од Ludus и Нина Симовска од Just Because, направија фузија на своите стилови и создадоа заедничка колекција на хибридни парчиња која премиерно ќе биде претставена во четврток, на 30 октомври во 20 часот, во концептуалната продавница Just Because во центарот на Скопје. Колекцијата за есен-зима 2014/15 е наречена Hybrid Vigor и содржи неколку изгледи на парчиња што се хибридни и не влегуваат во ниту една категорија. Христов работеше на создавњето на облеката, Симовска на дизајнот на модни додатоци. Креаторите велат дека поттикот за заедничка соработка произлегол од убавата дружба и сличната естетика, а колекцијата иако е мала, претставува голем експеримент како ќе се спојат креативните енергии на двајца дизајнери. По претставувањето во Скопје, Hybrid Vigor на Ludus и Just Because во понеделник патува за Италија, на меѓународниот саем за современа уметност Paratissima кој ќе се одржи од 3 до 7 ноември во Торино.
Нема коментари