Манекенката Каролин Волтерс е заштитно лице на рекламната кампања за колекцијата пролет-лето 2015 на Александар Меквин фотографирана од Дејвид Симс. Таа се појавува на сензуалните фотографии кои ја откриваат пролетната колекција на креативната директорка на брендот Сара Бартон, која предлага креации инспирирани од кимоно и од традиционалната јапонска култура, а во која се среќава многу црна свила и принт на јапонска цреша. Стајлингот е дополнително нагласен со насликани веѓи и усни обоени во црвена боја.
Нема коментари