Шестото издание на Balkan Art Fashion Event како манифестација наменета за промоција на млади модни дизајнери и креативци беше во вистинска смисла платформа на која се промовираа и младите македонски дизајнери Прокопие Ќаев и Сара Милевска. Тие деновиве на настанот што се одржа во белградскиот клуб Drugstore се претставија со моден перформанс.
-Проектот наречен Modernism of the traditional colors е спој на карактеристиките на племето Самбуру и стилот деконструктивизам. За целта на перформансот е употребен рачно изработен накит инспириран од племето Самбуру, како и костими инспирирани од деконструктивизмот. Целта на овој перформанс е да се прикаже широкиот спектар на бои на племето Самбуру и чистите и јасни форми на деконструктивизмот, стил кој е мошне актуелен во денешната модерна aрхитектура – велат младите креативци.
Нема коментари