По неполна година успешно работење, Поп ап катчето „Лотус Генерација“ прераснува во најголема концептуална продавница кај нас, Lotus Design Store, која ќе ги собере на едно место производите на некои од најдобрите домашни и странски дизајнерски имиња. Отворањето е закажано за среда, 25 јуни, во продавницата сместена во „Скопје Сити Мол“, а вечерта ќе биде збогатена со моден перформанс на модели од „Подиум“ и изложба на фотографии од Милчо Манчевски.
-Lotus Design Store е необична галерија на индустрија, мода, накит и уметност, врска меѓу сегашноста и иднината, меѓу реалноста и магијата. Нашата мисија е да го воведете дизајнот во вашиот живот и да стане ваш стил – објаснува дизајнерката Анита Гај, сопственичка на продавницата.
Концептуачната продавница на едно место ќе собере дизајни од Росица Мршиќ, Ирина Тошева, Стефанија Насеска, Јована Филиповиќ, Оливера Штакоска, Елена Спасовска, Vibrazioni by Aleksandra Mitkovska, како и брендовите Lotus Lounge Chair , Завар Дизајн, Фејдом, Творница, Лудус, Le brand, Kapka Jewerly, Daemonium, познатиот француски бренд за ракавици Thomasine и српскиот бренд MOO SHEMA. Lotus Design Store е наменет за заедничка промоција и продажба пред се на македонски дизајнирани производи како облека, модни додатоци, обувки, мебел, светилки, декоративни елементи но и скулптури, фотографии и книги. Lotus Design Store ќе функционира и како арт простор во кој ќе бидат организирани различни активности.
Нема коментари