Битолската креаторка Оливера Штакоска на претходното издание на Моден викенд-Скопје предизвика огромно внимание со својата дебитанска бохо-колекција наречена Lace, освои позитивни критики од публиката што резултираше и преку успешна продажба на креациите, а тимот на Stylist.mk заслужено ѝ ја додели наградата за најнадежен дизајнер. Радува што Штакоска продолжува понатаму и ќе се претстави со нова колекција на 26 октомври во рамките на Моден викенд-Скопје.
-Новата колекција е насловена Woolen Story, односно волнена приказна, и се состои од 20 модели, најмногу палта и долги фустани. Креациите се изработени од волна, памук и кадифе, преовладуваат широки кроеви, а од боите застапени се зелена, портокалова, кафена, циклама и тиркизно сина. Во склоп на колекцијата се и неколку дебели волнени шалови, а повеќето модели се со фолклорни мотив и везови – ни ја најави дизајнерката темата за новата колекција за есен-зима 2014/15.
Нема коментари