Портокаловата боја и портокаловата панделка се симболи на глобалната кампања „#16дена активизам – да ставиме крај на насилството врз жените и девојчињата – сега“, кампања која што е актуелна и кај нас од 25 ноември до 10 декември, а која дел од кампањата на Генералниот секретар на ОН, UNiTE – Say No to Violence Against Women, која оваа година е под мотото: Orange Your Neighborhood, Say No to End Violence Against Women.Секој од нас може да даде поддршка за подигнување на свеста за различните форми на насилство врз жените и девојчињата, преку обојување на светот околу нас во портокалово (училишта, кафулиња, продавници…), како и преку споделување на портокалови пораки,фотографии, видеа на Фејсбук страницата на македонската кампања 16 дена активизам, или преку Твитер и Инстаграм со употреба на #16дена. Својот придонес нека биде и моден, па облечете нешто во портокалова боја, како смел капут, акценти во вид на модни детали или барем марама. Порака испрати и актерката Никол Кидман која е нов амбасадор на Обединетите Нации, а модниот бренд Benetton изработи посебна рекламна кампања.
Нема коментари