Вчера во Рокфелер центарот во Њујорк на модно дружење меѓу дел од американските дизајнери беа објавени номинациите за наградите на CFDA (Совет на американските модни дизајнери). Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи на 1 јуни, а за главната награда за најдобар дизајнер на женска облека се натпреваруваар Марк Џејкобс, Џозеф Алтузара, Мајкл Корс, близначките Олсен (The Row) и Лазаро Хернандез и Џек Мекало од брендот „Проенза Скулер“. Во категоријата за машка облека номинирани се Дао Ји Џо и Максвел Озборн (Public School), Дејвид Невил и Маркус Вејнрајт (Rag&Bone), Том Браун и Тим Копенс кој креира машка колекција за Том Форд. Дизајнерите ќе се натпреваруваат и во категоријата за најдобри модни додатоци, компанијата „Сваровски“ ќе додели неколку награди, на Бетси Џонсон ќе ѝ биде врачена наградата за животно дело што го носи името на Џефри Бин, а Марија Гразија Кјури и Пјерпаоло Пишоли од „Валентино“ ќе бидат наградени со интернационална награда за дизајн. Номинациите на вчерашниот настан ги објавија дизајнерката Дајен Фон Фурстенберг, претседателка на советот, и Надја Сваровски од компанијата „Сваровски“.
Нема коментари