Во новоотворената концептуална продавница Lotus Design Store во „Скопје сити мол“, покрај бројните колекции на домашни и странски автори, сега може да се најдат дизајнерски парчиња од уметницата Марта Поп Антоска- Башевска која креира под името „М арт студио“ и од двоецот Јелкица&Виолета Поповски. Антоска- Башевска се претставува со уникатни уметнички дела, ентериерни стаклени решенија и парчиња накит од фузирано стакло, а дел од продажниот асортиман ќе биде и колекцијата Escape from the red carpet на Јелкица&Виолета Поповски, премиерно прикажана на последното издание на „Моден викенд Скопје“.
Овој период актуелни се повеќе попусти на дизајнерските колекции на Росица Мршиќ на Росица Мршиќ, Стефанија Насеска, Ирина Тошева, Елена Спасовска, Оливера Штакоска и Le brand, а следи намаление и на производите на Zavar и на Feydom. Во Lotus Design Store може да се најде и капсулната колекција на маици со дизајн на Иван Петрушевски, Емилија Мишева, Ружица Трпковска, Јован Петрушевски и Бојан Кртолица, произведени во соработка со „Моден викенд Скопје“.
Освен попуст на сите производи, Lotus Lounge Chair објавува и конкурс за фотографија „Lotus selfie“-што ќе биде отворен од 22 јули до 22 септември. Поребно е да се фотографирате со Лотус производ и фотографијата да ја постирате на фан страницата на Lotus Lounge Chair на „Фејсбук“, а оние што што немаат столица од Лотус поставено е фото-катче на вториот кат во „Скопје сити мол“. Авторите на најкреатовните фотографии ќе бидат наградени.
Нема коментари