Престижниот весник Wall Street Journal додели награди за личности иноватори во своите дејности на делување, апризнанието за иноватор во модата му прирадна на Никола Гескиер, кој неколку сезони е креативен директор на „Луј Витон“. Еден од главните визионери на современата мода ја доби наградата поради неговиот иновативен пристап кон легендарната модна куќа на Луј Витон, воведувајќи ново поглавие во кое се совршено урамнотежени минатото и иднината. Наградата му беше доделена вчера од страна на актерката Џенифер Конели, на настан што весникот го организираше во Музејот на свремена уметност во Њујорк. Wall Street Journal по четврт пат доделува награди за иновации во разлилчни области, како танц, музика, уметност, технологија, па покрај Геские, наградени се и Др. Дре и продуентот Џими Јовин. Наградата за гастрономија ја доби Рене Реџепи за неговиот авангарден пристап кон готвењето и постојаното експериментирање с храната. Реџепи е родум од Македонија и сопственик е на најдобриот ресторан во светот „Нома“ во Копенхаген.
Нема коментари