Пејачката Ники Минаж до неодамна беше препознатлива по нападен изглед, пластинеста коса и јака шминка, но се чини дека влегува во фаза кога негува посмирен стил што може да се забележи и во стајлингот во нејзиниот нов моден ангажман како заштитно лице на пролетната колекција на Роберто Кавали. Италијанскиот дизајнер често соработува со познати личности во своите рекламни кампањи, во актуелната за есен-зима 2014/15 ја гледаме Рита Ора со стајлинг што потсетува на Мерилин Монро, а за новата за пролет-лето 2015 тој ја избра Минаж која изгледа ретро со боб фризура и силуета во стилот на 60-тите години. „Ја избрав Ники Минаж бидејќи таа ја отелотворува темпераментната и модерна женственост на Кавали жената. Во последниве години се навикнавме жените да се кријат зад облеката, со оваа кампања сакав да испратам силна порака за контра тренд. Сакав сензуална жена која е свесна за своето тело, која не се плаши да ги покаже своите облини и ги презентира како силна страна“, вели Рпоберто Кавали за новата кампања што ја фотографираше Франческо Кароцини.
Нема коментари