Топмоделот Наташа Поли се појавува во рекламна кампања во стилот на 70-тите години на „Емилио Пучи“ снимена од фотографскиот тандем Инез и Винуд. Седумдесеттите години продолжуваат да бидат главна инспирација за модните колекции и за рекламните кампањи, па не изненадува што брендот се одлучи за психоделично и каледископско расположение во новата промотивна кампања. Поли позира во мини фустани, шарени макси креации, модели со цветен стил и ѕвонести панталони. Таа носи големи очила за сонце и фризура со нагласени шишки, стајлинг кој исто така потесува на стилот од 70-тите.
Нема коментари