Наоми Вотс ја поддржа кампањата на Томи Хилфигер за борба против ракот на дојка и ја прифати улогата на заштитно лице на модел на чанта произведен во лимитирана серија што дизајнерот ја креираше за организацијата Breast Health International. Со ова Наоми станува дел од листата на поддржувачи на хуманитарната кампања, на која се и поранешната прва дама на Франција Карла Бруни Саркози, актерките Рене Зелвегер и Шарлот Генсбур, сумермоделките Наоми Кембел и Клаудија Шифер, жени кои во различни периоди беа заштитно лице на проектот на Хилфигер.
Чантата на Хилфигер ќе почне да се продава на 25 септември, прво на сајтот tommy.com, а потоа и во селектирани продавници на брендот во светот. Сто долари од продажбата на секој примерок од чантата е наменет за програмата Фонд за живот на организацијата Breast Health International. Фотографијата на Наоми со конкретната чанта од Томи Хилфигер ја направи Патрик Демаршелие во домот на актерката во Лос Анџелес.
Нема коментари