После Кејт Мос и Кара Делевињ ред е други две британски модни икони, Наоми Кембел и Џордан Дан, да станат заштитни лица на славниот бренд „Барбери“. Двете супермоделки се дел од кампањата за сезоната пролет-лето 2015, а машките креации ги промоворираат Џорџ Барнет и Џорџ Ле Паг. „Наоми и Џордан – две големи британски икони, две силни, убави жени и две совршени лица за нашата нова кампања. Како и секогаш, вистинска привилегија е да се работи со нив“, изјави Кристофер Бејли, креативниот и извршен директор на еден од најзначајните британски модни брендови. Фотографиите за рекламната кампања ги направи Марио Тестино.
Нема коментари