Американскиот магазин Lucky направи истористи чекор ина својата насловна страница за месец февруари ги стави познатите блогерки Кјара Ферањи (The Blonde Salad), Занита Вајтингон (Zanita.com) и Никол Ворнер (Gary Pepper Girl). Магазинот тргнува од ставот дека модниот свет е сменет со појавата на блогерите и на овој начин им оддава почит за нивното влијание во општеството. Модни блогери и претходно се појавувале на насловни страници, но во помали публикации, а овојпат станува збор за списание со висок профил, особено во САД. Иако сцената сè уште се темели на ликовикако Ана Винтуркои важат за tastemaker-и, со „демократизацијата на модата“ не може да се игнорира импактот на ѕвездите на дигиталните медиуми. Се предвидува голем успех на оваа и сличните насловни во иднина, бидејќи широката публика составена од „нормални“ девојки повеќе се идентификува со блогерите отколку со супермоделите.
Нема коментари