Деновиве се одржа гала вечера на Њујоршкиот балет по повод отворањето на новата сезона, на која се појавија повеќе познати личности. Сара Џесика Паркер, која е во одборот на институцијата, на настанот го привече вниманието во интригантен фустан со принт од дизајнерката Мери Катранзу, а меѓу гостите беа и Натали Портман, Иванка Трамп и Венди Мурдок. Њујоршкиот балет истовремено најави соработка со неколку модни дизајнери – Мери Катранзу, Сара Бартон од Александар Меквин, Каролина Херера, Том Браун – кои креираа костими за различни изведби за време на гала настанот во Линколн центарот во Њујорк.
Нема коментари