Австралиската супермоделка Миранда Кер е на насловната страница на последниот број на магазинот на Net-a-Porter, The Edit, за кој сними уште една сексапилна фотосесија, овојпат во шик моторџиски стил, но изненадува нејзината изјава дека не е манекенка. Миранда досега докажа дека е една од најуспешните жени во светот, ама нејасно е зошто во интервјуто за магазинот ја негира професијата за која што мислевме дека е клучна за нејзиниот успех – манекенкството. „Од првата фотосесија кога имав 14 години, никогаш не се гледав како модел. Ако некој ме праша што работам, велам имам своја козметичка линија“, вели таа. Да, таа сега во моментов има своја козметичка линија наречена KORA Organics, ама немаше да стигне до тој момент ако прво не станеше славна како манекенка, нели? Едноставно, не треба да и’ биде спорно што нејзината професија е модел. Успешен модел! И еден од најдобро платените во светот!
Нема коментари