Првата дама на САД Мишел Обама уште еднаш ја поддржа американската мода и вчера оддржа настан во Белата куќа на кој ги повика водечките американски дизајнери, уредници и студенти на семинар наречен „Работилница за модно образование“. Идејата на нејзината иницијатива е да им се овозможи на младите таленти да го направат првиот чекој на модната сцена. Обама во неколку наврати зборуваше за иднината на модната индустрија, а во мај на церемонијата на отворањето на Центарот за костими, што го носи името на уредничката Ана Винтур, при Институтот за костими во њујоршкиот музеј Метрополитен, таа изјави дека модната индустрија е важна за сите нас. „Модата не е приватен клуб во кој се одржуваат ревии. Оваа индустрија е за сите нас заинтересирани во модата. Модата е истовремено и бизниз и уметност“. Таа исто така во повеќе наврати нагласи дека е важно не само да се поддржат етаблираните дизајнери, туку и да им се даде надеж и на стотици студенти кои планираат да живеат од моден дизајн.
Оваа најнова иницијатива на првата дама е насочена токму на младите таленти и преку настанот што се одржа во Источната соба од Белата куќа ги спои познатите дизајнери и модни уредници со 150 студентите по моден дизајн. На настанот зборуваа Дајан фон Фурстенберг, Џена Лајонс, Ана Винтур, Нарцисо Родригез, Ева Чен на теми како модно претприемништво, конструкција на модели, нослива технологија и модно новинарство, а Мишел Обама беше облечена во фустан од еден од студентите.
Нема коментари