Планирањето за следната годишна изложба и гала вечера во Институтот за костими при њујоршкиот музеј Метрополитен веќе почна, а викендов беше откриена темата што ќе биде предмет на поставката – „Кинески шепоти: Приказни на Истокот во уметноста, филмот и модата“.
Традиционално, во чест на отворањето на изложбата ќе биде организирана гала вечера, позната на Мет Гала, на која домаќинки ќе бидат актерките Џенифер Лоренс и Гонг Ли, Ана Винтур од Vogue, Венди Мурдок и Мариса Мајер, извршна директорка на Yahoo. Кураторот на институтот Ендрју Болтон веќе собира материјали, во реализацијата се вклучи и одделот за азиска уметност при Метрополитен, а за уметнички директор назначен е режисерот Вонг Кар-ваи.
-Интересот на Западот за Кина се чини дека е интензивиран, а и културното влијание на Кина на Западот исто така достигна нови височини. Основната идеја е влијанието на кинеската естетика врз дизајнерите, но исто така сакав да се пренесе како костумите и декоративната уметност ја кристализира долговековната културна размена меѓу Истокот и Западот – изјави Болтон за изборот на темата.
Изложбата ќе го истражува влијанието на Кина во модата, костумите, сликарството , филмовите, операта, уметностаи други сегменти од креативната индустрија, а ќе биде отворена на 7 мај следната година.
Нема коментари