Француската актерка Марион Котијар и долгогодишното заштитно лице на „Диор“ го корежираше новото промотивно видео на брендот, Snapshot od LA, во кое освен што се појавува ја пее и музичката тема. Марион на песната соработуваше со Џосеф Маунт од електро бендот Metronomy. Облечена во црн комбинезон од колекцијата Cruise 2015 на „Диор“ Марион шета, танцува и се излежува покрај базенот на модерна куќа, додека во позадина се слуша пеењето на Котијар кое е машавина француска шансона и екпериментален и модерен звук. Акцент е ставен на новите верзии на чантата Lady Dior. Видеото заедно го изработија катерката и режисерот Елиот Блис.
Нема коментари