И вие може да станете модел на новата кампањата за линијата Marc by Marc Jacobs, откако американскиот дизајнер Марк Џејкобс по вторпат објави кастинг на социјалните мрежи „Твитер“ и „Инстаграм“. Кастингот трае уште денес и утре, а потребно е да постирате своја фотографија со хаштаг CastMeMarc, а избраните ќе патуваат за Њујорк и со фотографот Дејвид Симс ќе снимат кампања за колекцијата за пролет-лето 2015. Ова е вторпат Марк да бара модели на социјланите мрежи, првиот пат прати повик во април годинава, а резултатот е рекламата за есен-зима 2014/15 со интересни и шаренолики ликови.
Нема коментари