Вистинска инвестиција во гардеробата е кога ќе обезбедите класични и безвременски парчиња со висок квалитет, а ексклузивната линија „Премиум“ на шпанскиот бренд „Манго“ го нуди токму тоа – најфини базични модели со чисти и едноставни линии, но со одреден модернистички израз. За оваа есен, тоа значи кожен фустан со едноставен крој, широки панталони, кимоно-блуза, сиво здолниште со шлиц, широки маици и црно-бели комбинации со пастелни тонови, а моделите од новата линија „Премиум“ одлично ги носи супермоделката Ања Рубик. Во „Премиум“ на „Манго“ уште еднаш среќаваме успешен микс на софистициран, женствен, кежуал и шик изглед.
Нема коментари