Си беше еднаш во Сицилија… Бутикот на Долче и Габана на Корсо Венеција се престори во маѓепсана шума за денот кога ги отвори своите врати за малите човечиња со настан посебно наменет за нив. Во соработка со италијанското издание на магазинот Vanity Fair, Долче и Габана го преуредија нивниот детски бутик на миланската Корсо Венеција со вкус специјално наменет за најмалите муштерии. Толпа од мали дечиња се моткаат низ кадифениот бутик, кој посветениот ден беше украсен со висечки црвени јаболка, искривени дрва, освојувачки бувови, палави лисици и преслатки верверички.
Магичен свет, кој малку оттрга од вревата и гужвата на миланската главна сообраќајница една есенска сабота со ветрот кој ги раздувува лисјата од дрвата, преку продавачите кои нудат костени од нивните тезги, низ вратите на бутикот на Долче и Габана и нагоре по скалите, до маѓепсаната шума каде децата се среќаваат со вистинската Црвенкапа (на италијански таканачена Капучето Росо), брадест елф, голема верверица и ширококрилест був за раскажување на бајки, танцување, изработка на маски и многу повеќе.
Печурките изникнати од мовосаниот насип кои откако повнимателно ќе се забележи ќе се види дека се колачиња од марципан, а мали рачиња ги разграбуваат чоколадните бувови кои се раздаваат на влезот. Толку многу шеќер може да значи само едно нешто, па мирната атмосфера многу скоро се претворa во хаос како на игралиште каде што децата играа и се нишкаа меѓу нозете на родителите со добри манири кои се трудеа најдобро што можат да ги следат нивните деца низ целиот простор.
- Ја поведов мојата ќерка Зои на настанот, кој додека ние да пристигнеме, веќе беше полн до гребен. Но успеавме да најдеме агол на една минијатурна клупа и да започнеме да се забавуваме со рачна изработка, успеавајќи некако да создадеме психоделична маска од був која таа ја носеше со гордост – вели една мајка.
На горниот спрат, Црвенкапа и брадестиот Елф ги маѓепсуваа децата во раскажувањето на приказни, а потоа возбудата од шеќерот се дотрошува со танцувањето со Големиот Чипманк. Како што мирниот бран на родители започнува да пристигнува, маѓепсаната шума полека се празни. Надолу по скалите, низ вратата и пак назад на виорот на ветрот, улиците преполни со закочен сообраќај, и раздвижена толпа од Милано на една саботна вечер во ноември.
Нема коментари