Помалата сестра на славната Кејт Мос, 16-годишната Лоти, стана дел од манекенскиот свет пред неколку месеци, сними неколку едиторијали и фотосесија за CK Jeans, а еве ја и нејзината прва позначајна рекламна кампања. Лоти ја промовира тековната колекција на Red Valentino, една од линиите на познатиот бренд „Валентино“. Инспирација се ликовите од „Дизни“, а фотографиите се на Тим Вокер. Следно е насловната страница на британски Vogue за декември, каде ќе се појави заедно со својата сестра Кејт.
Нема коментари