Модниот портал Business of Fashion, кој се смета за еден од најрелевантните во однос на инсајдерски вести и бизнис-стратегија во модната индустрија повторно направи листа на дури 500 личности кои ја обликуваат модата и го предизвикуваат светското внимание. Листата е навистина обемна и содржи 500 највлијателни луѓе од светската мода – Карл Лагерфелд е ултимативниот мултитаскер, тука се Ана Винтур, Том Форд, Дејвид Бекам, Марио Тестино, Марк Џејкобс, многу дизајнери, модели, уредници, блогери, фотографи, сопственици на концептуални продавници и извршни директори на модни компании. На списокот има доста нови имиња во однос на минатогодишната листа, како руската уредничка Мирослава Дума, дизајнерката Роксанда Илинчиќ и фотографот Томи Том, но и доста млади дизајнери од повеќе земји од светот. Комплетната листа може да ја видите на сајтот на BoF.
Нема коментари