Лејди Гага, Линда Евангелиста и Пенелопе Круз се иконските жени што модната уредничка Карин Ројтфелд ги избра за три различни насловни страници во септемврискиот број на американскиот магазин Harper’s Bazaar. Поп ѕвездата, супермоделката и актерката се фотографирани од страна на Себастијан Фина, а Ројтфелд за фотосесијата го избра мрежестиот материјал како поврзаување на стајлингот меѓу трите жени.
Нема коментари