Австралискиот дизајнер од македонско потекло Тони Матичевски повторно го истражува концепто на спарување на футуризам и класицизам во prêt-a-porter колекцијата за есен-зима 2015. Дизајнерот создаде скулптурални модели во футуристички ткаенини, со навраќање на славниот new look на Кристијан Диор и на изгледот на Грејс Кели од филмот „Високото друштво“. Главни бои во колекцијата на Матичевски се белата, црната, сивата и цитрусно жолтата, креациите имаат нагласена половина, а дизајнерот користи многу набори, волуменозни здолништа и кружни кроеви. Вметнува и мрежеста ткаенина, како и тантела и материјали со холографски шари.
Тони Матичевски е роден во Мелбурн, во семејство на македонски родители. Откако ги завршил студиите по моден дизајн, освоил награда која му гарантирала работа кај Дона Каран во Њујорк, која што на големо изненадување матичевски ја одбил. Работел во Париза за брендот „Черути“, а во 1998 година ја ласнира сопствената етикета. Важи за еден од најуспешните австралиски дизјанери на денешницата, а се претстваувал на модните недели во Њујорк и во Австралија. Негови креации носат голем број на славни личности како Принцезата Мери од Данска, Ким кардашијан, Оливија Палермо, Алиша Кис, Шерил Кроу и многу автсралиски јавни личности.
Нема коментари