Шведскиот моден бренд & Other Stories, сестринската компанија на H&M, ја ангажираше пејачката Lykke Li да учествува во креирање на капсулна колекција за оваа есен. Поп пејачката која е епитом на скандинавски алтер-кул стил, создаде парчиња кои што ја следат нејзината естетика. Колекцијата содржи облека, чевли, чанти и други додатоци главно во монохраматска палета. Брендот што се смета за пошик и полуксузна варијанта на H&M објави видео-тизер како најава на колекцијата, а денес се појавија и првите фотографии од модните париња што ќе почнат да се продаваат на почетокот од октомври. Уште на почетокот Lykke Li најави дека ќе направи колекција од есенцијални парчиња за секоја рокерка: еден пар чизми, еден пар бродарици, еден пар цигара-панталони, еден кашмирен џемпер, една кожена јакна, една кошула – сите во црна боја и сè може да собере во една голема кожена чанта.
Нема коментари