Дизајнерката на накит Ивана Кнез блесокот на светските градови го преточи во блескави парчиња накит од новата колекција City Lights која што деновиве ја промовира во своето студио „Драма“. Таа инспирацијата ја зеде од одредени имиџи и делови од градовите, на пример од лондонското панорамско око фатено со ноќни светилки, катедралата Дуомо во Милано фотографирана под снег, врвот од познатата зграда Крајслер во Њујорк или пак облакодерите од модерниот Дубаи. Ивана Кнез овие аспекти од избраните светски градови ги претвора во ѓердани и обетки во кои се внесени боите и светлата на Прага, Ротердам, Абу Даби, Москва, Милано, Париз, Прага, Лондон Дубаи.
-Колекцијата City Lights содржи аксесоари инспирирани од магијата на светските градски светла околу новогодишните празници. Инспирирана од повеќе светски градови, направив и сè уште правам, мини колекција која во себе го има духот на Божик и Нова Година и совршено се вклопува во убавината од последните денови од годината. Материјалите се разни, во некои парчиња се користени бисери Majorca, јапоснки речни бисери и полускапоцени камења. Постои можност колекцијата да се прошири. Секој ден наоѓам нова инспирација, па така може и некој друг град за заблеска во форма на ѓердан, обетки или алка – ни отрки Ивана Кнез. (K.T.)
Нема коментари