Една од најпознатите и највлијателните модни блогерки Кјара Ферањи на последното патување во Париз го посети станот на легендарната Коко Шанел и на својот блог Blonde Salad го објави целото доживување. Кјара вели дека страста за производи од „Шанел“ се родила кога мајка ѝ подарила чанта од оваа модна куќа за 16-от роденден. „Еден збор: Шанел. Постои сон во овој збор, сон кој почна кога имав само 16 години, кога мајка ми за првпат ми даде за прв пат една од нејзините омилени чанти, Chanel Double Flap. Беше тоа мојата прва значајна чанта, а ја носев и на мојата прва модна ревија на „Шанел“. Никогаш нема да заборавам колку бев возбудена…“, напиша Кјара на својот блог.
Истото расположение го имала и на посетата на последната Париска модна недела кога еден ден поминала во универзумот на „Шанел“. Прво била на ревијата на брендот, потоа го посетила новиот бутик на улицата Сен Оноре, комплетно постветен на козметика, и се запознала со новата линија на кармини, а потоа тркнала до улицата Камбон каде се наоѓа историскиот бутик на „Шанел“ и над него станот на Коко Шанел.
„Беше како во сон: скалите опкружени со огледала од кои Коко ги шпионирала реакциите на публиката за време на нејзините презентации, фотелјата каде што беше обично портретирана, сè беше како што си замислував, всушност, малку подобро. Беше неверојатно да бидете во можност да седите на иста троседот каде што уметниците како Дали или Пикасо седеле. Присуството на мадмоазел Коко беше толку силно што имав чувство дека во секој момент таа ќе ја отвори вратата, ќе дојде до троседот и ќе седне до мене“.
Нема коментари