Долгонајавуваниот музички настап на Кети Пери во паузата на најгледаниот американски спортски настан, Супербоул или финалето во Професионалната лига во американски фудбал, донесе спектакуларно пеење и уште поспектакуларни сценски костими. Кети испеа 8 песни, вклучувајќи ја I Kissed a Girl во дует со Лени Кравиц и микс од песни на Миси Елиот која ѝ беше гостинка, смени четири колоритни костими дизајнирани од Џереми Скот, јаваше огромен металел лав, а заврши со пиротехничко финале за песната Fireworks. Дизајнерот на „Москино“ за Пери поготви костим кој потсетува на спортски дрес, комбинација со мотиви на пламен, вечерен фустан украсен со ѕвезди и избра чизми украсени со 20.000 кристали од „Сваровски“, претворајќи го спортскиот настан во модно шоу.
И да, победија „Њу Ингланд Патриотс“ за кои игра Том Брејди, сопругот на бразилската супермоделка Жизел Бундшен!
Нема коментари