Познатата супермоделка Керолин Марфи е заштитно лице на колекцијата на Max Mara за пролет-лето 2015 и позира во рекламната кампања фотографирана од Марио Соренти во која истражува неколку начини на носење принт. Иако италијанскиот бренд Max Mara е препознатлив по италијанска елеганција и едноставен дизајн, пролетната колекција изобилува со шари и принтови кои се отпечатени на модни парчиња скроени во стилот на 70-тите. Керолин е фотографирана како се излежува на голема софа со точки, а покрај точки забележуваме и принт на цветови во различни бои и големини. Колецијата на max Mara содржи долги здолништа, класични сакоа и мантили, кошули со панделка, големи шапки и шик чанти.
Нема коментари