Супермоделката Кејт Мос се доближува до бројката од 40 насловни страници само за британското издание на Vogue, а еве ја и новата наменета за месецот декември. Кејт му позира на славниот Марио Тестино, а покрај насловната за изданието наменето за продажба по трафики, направена е уште една корица за изданието што ќе го добијат претплатниците по пошта. На едната фотографија има минималистичка шминка и носи само ѓердан со привезок со нејизното име, додека на втората е стилизирана во стилот на Брижит Бардо, следејќи ја главната тема за моѓта на трансформација што супермоделката ја поседува и поради која е популарна повеќе од 20 години. Во декемврискиот број на Vogue ќе се најдат уште неколку модни едиторијали со Мос во различни стајлинзи, на кои работеше со фотографите Тестино, Тим Вокер и Дејвид Бејли.
Нема коментари