Моментот кога на пистата за време на ревијата за сезоната есен-зима 2006/07 на генијалниот Александар Меквин се појавува холограм на Кејт Мос се смета за еден од најзначајните и највозбудливите моменти во модната историја. Следната пролет лондонскиот музеј „Викторија и Алберт“ ќе претстави нова верзија на славната изложба Sevage Beauty посветена на дизајнерот од 2011 година, која до денес важи за најпосетена модна изложба, а новата поставка ќе се осврне и на раната кариера на Меквин. Исто така ќе биде поставен и славниот холограм со Кејт Мос во реална величина, па да се потсетиме токму на тој момент од ревијата на британскиот дизајнер.
Нема коментари