Британската дизајнерка Стела Макартни, мајка на четири деца, заедно со Анџелина Џоли, амбасадорка на добра волја на ОН и мајка на шест деца, се здружија во проектот „Нацртај ме на сигурно“ (Draw Me to Safety), што резултираше креаторката да направи добротворна капсулна колекција на маици со детски цртежи. Маиците се продаваат во детски и повеќе женски величини, по цена од 35 до 80 евра, а средствата од продажбата, преку фондацијата War Child UK, се наменети за поддршка на децата од земјите зафатени со воени конфликти.
Нема коментари