Актерката Џулија Робертс соработуваше со италијанскиот бренд Calzedonia на видео реклама „Животот е патување“ за зимската колекција во која таа е снимена во различни предели и локации низ Европа. Модното патување почна од Шкотска, каде што беспрекорниот пејзаж бара тишина, а потоа следи Париз, каде што ја гледаме Џулија како шета покрај Сена и ужива во уличните книжарници, страстните романтични средби и градот на зајдисонце. Џулија потоа се буди во Италија, во топла атмосфера во традиционална куќа на рид близу Фиренца. Таа во земјата богата со историја, традиција и убавина ќе разбере една важна работа – Животот е патување, затоа уживајте во секој чекор. А бидејќи е протагонистка на промотивно видео на брендот познат по хулахопки, секој чекор на Џулија е илустриран со различни модели од колекцијата на Calzedonia.
Нема коментари