Гледачите на телевизиската програма Le Supplément на францускиот Canal + пред неколку дена беа почестени со уште една апологетско интервју од Џон Галијано, негово прво појавување на француска телевизија од 2011 година. Дизајнерот го нарече овој период од кариерата како негова „ренесанса” и изјави дека се враќа во модата„чекор по чекор”. Галијано кој во моментов е директор на рускиот синџир на производи за убавина L’Etoile за себе кажа дека повеќе не пие алкохол и додаде дека е трезен веќе три и пол години, покажувајќи на шолјата за кафе полна со вода.
„Јас не сум одговорен за мојата болест, но сум одговорен за моето закрепнување“, додаде дизајнерот во интервјуто со водителката Мајтен Бирабен. “Понекогаш се однесував како Господ, а сега не сум. Сега знам дека не сум главен и го слушам и разговарам со Бога секој ден.”
Дизајнерот додаде дека не се сеќава на неговиот антисемитски и расистички испад, кој беше снимен во парискиот бар „Ла Перл“, а по што доби отказ од местото креативен директор на „Диор“.
„Во тој момент во мојата кариера, јас станав нешто што се нарекува закоравена пијаница. Тоа е нешто кога некој не може да ја пренесе долгорочна меморија во краткорочна, па јас немам сеќавања на тој настан.”
Сè околу ова интервју е бизарно, од изборот на продуцентите да вклучат грчки хор како фон, изборот на гости сушатели во студиото, до одговорот на Галијано кога беше запрашан дали би можел повторно да работи со Бернар Арно, сопственикот на групацијата LVMH кој го контролира работењето на луксузниот бренд „Диор“, на што тој одговори:”Кој знае?”
Галијано повторно се извини и повтори дека не е антисемит, ниту нацист.
„Она што го кажав на снимката беше страшно. Како што реков, тоа не е изговор, но јас бев навистина во амбисот на мојата болест. Кога го видов видеото, јас навистина се чувствував ужасно. Сепак, тие зборови јас ги кажав, а кога ги кажав бев во агонија од мојата болест. Две недели по испадот паднав во депресија“, објасни Џон и призна дека заедно со еден дел од тимот со кој работел биле зависници од дрога и алкохол. По скандалот заедно со својот партнер Алекс се повлече од јавноста, беше и на рехабилитација во Аризона, САД, а денес тврди дека „алкохолот го заменил со верата“.
Со неговото враќање во модата забележал дека модниот свет не се сменил, но неговата перцепција за модата е доста сменета. На прашањето на водителката Бирабен што ќе се случеше доколку снимката со неговите навреди не излезеа во јавност, дизајнерот одговори: „Веројатно би бил мртов. Јас навистина го допрев дното. Многу изгубив, ама потоа толку многу стекнав.“
Нема коментари