Младата актерка и оскаровка Џенифер Лоренс ја краси насловната страница на ноемврскиот број на Vanity Fair и во интервјуто за магазинот за првпат официјално се огласи во јавноста со став за хакерската кражба на нејзините лични фотографии што пред ден месец се појавија на интернет. „Се работи за моето тело и за мој избор“, смета Лоренс и хакирањето на нејзините голи фотографии го смета за сексуален престап. „Тоа не беше скандал. Во прашање е сексуален криминал. Тоа е сексуална повреда. Одвратно“, изјави Џенифер за магазинот и вели дека секој што ги гледа фотографиите прави престап. Таа открива дека се работи за лични фотографии што му ги праќала на своето долгогодишно, сега веќе поранешно момче. „Бев во прекрасна, здрава и долга љубовна врска на далечина, па или момчето ќе гледа порно филмови или мои фотографии“, ја објаснува причината да се слика гола, но ако некои фотографии се лични и приватни, никој друг нема право да ги гледа.
Фотосесијата за Vanity Fair ја направи Патрик Демаршелие и иако на нив Џенифер е разголена, тие откриваат онолку колку што самата одлучила. Нејзино тело, нејзин избор. Џенифер веќе некое време е заштитно лице на модниот бренд „Диор“ и во моментов е во љубовна врска со Крис Мартин од британскиот бенд Coldplay.
Нема коментари