Две дизајнерски имиња најавуваат изложба на маици и накит на тема светски популарни стрипови, која ќе се случи денеска, 8 јуни, со почеток во 21 часот, во кафулето „Љубов“. Наташа Андова која го води брендот „Линија“ и Андријана Андреева која креира под името Ани Соро заедно работеа на новиот проект и направија серија маици и ѓердани на кои се насликани/нацртани карактери и содржини од стриповите на авторите Herge, Hugo Pratt, Harold H. Knerr. Идејта на дизајнерките е да се популаризира стрипот како уметност на нарација и на ликовен графизам во релација со урбаниот живот. „Стрипот е од суштинско значење за современата култура, пред сè како уметничка форма, а потоа и како предлошка за современата уметност од поп-артот до денес, како основа за целокупната филмска уметност, графичкиот дизајн и на модната индустрија“, сметаат дизајнерките.
Нема коментари