Обожавателите на современата уметност и модата вчера имаа можност да го видат новиот уметнички проект, Project Perpetual, на Џеф Кунс во кој тој вклучи повеќе стари чанти од моделот „биркин“ на Hermes, донирани од страна на познати личности. Кунс ги доработи старите чанти на Софија Копола, принцезата Каролина од Хановер и од Марк Џејкобс и вчера ги постави на аукција на настан во њујоршкиот хотел Four Seasons. „Многу луѓе ги имаат овие чанти и тие се голем симбол на луксуз. Дали можеме да го пренасочиме тоа богатство кон добротворни цели? Сакав да направам симбол на добротворни цели“, смета уметникот кој на оваа идеја работеше по иницијатива на Светлана Кузмичева–Успенскаја, колекционер на биркин-чанти. Повеќе познати личности се појавија на настанот, како Наоми Кембел, Дру Баримур и Софија Копола, настапи пејачката Мери Џ. Блајџ, а беа собрани пет и пол милиони долари наменети за фонд на Обединети Нации за вакцини против опасни болести.
Нема коментари