Модната куќа на француската дизајнерка Соња Рикел одлучи да претстави малку поинаква рекламна кампања од оние на кои сме навикнале. Нејзината кампања за колекцијата за есен-зима 2014/15 е со малку поавангарден пристап, а ангажирани се моделката Жизел Бундшен како заштитно лице и фотографот Јурген Телер зад објективот. Бразилката позира без шминка и во опуштена атмосфера, а стајлингот го потпишува Кејти Гранд, уредничката на LOVE Magazine, која што вели дека инспирација за фотосесијата е една фотографија од дизајнерката Соња Рикел направена во 70-тите години.
Нема коментари