Постои тајна љубовна врска меѓу фудбалот и модата. Тоа го покажуваат постојаните ангажмани на фудбалерите како заштитни лица во кампањите на модните брендови. Фудбалерите, пак, покрај тоа што најчесто се заљубуваат во манекенки, исто така обожуваат да се облекуваат во брендирана облека. Доказ за убавата соработка меѓу двата света се лондонскиот фудбалски клуб „Арсенал“ и парискиот бренд „Ланвин“.
Првичната соработка настана откако „Арсенал“ го најми „Ланвин“ да ги изработи нивните клубски одела. Сега колаборацијата продолжува и со новата фотосесија изработена за магазинот GQ. Во креации на „Ланвин“ се појавуваат фудбалерите на „Арсенал“: Алексис Санчез, Оливие Жиру и Месут Озил. Тие како вистински модели ги презентираат костумите на етикетата, кои се во темносина боја, изработени од 100 отсто волна, комбинирани со памучни бели кошули и кравати во црвена боја-симбол на тимот.
Нема коментари