Популарното модно шоу Fashion police ќе паузира до септември. И покрај обидите на продуцентите и на телевизијата „E“ да го продолжат емитувањето на „Модната полиција“ по смртта на комичарката Џоан Риверс, сепак во пракса се покажа дека тоа е потешко од што планирале. Само неколку епизоди од почетокот на шоуто со новиот состав на жирито, поради етички причини си замина Кели Озборн. Кусо по ова и комичарката Кети Грифин, која дојде на местото на Риверс, си даде отказ од проектот. Иако беше најавено дека, покрај сè, Fashion Police ќе продолжи на 30 март водено од Џулијана Ранчич, Бред Горецки и Мелиса Риверс, сепак, сè се одложува за наесен.
Во план е да се изнајде нов концепт за шоуто и да се најмат нови членови на жирито, кои ќе дојдат на местото на Грифин и Озборн. Според пишувањето на американските медиуми, продуцентите барата замена за Риверс, иако се свесни дека нејзниот хумор и стил на водење се незамеливи .
Новиот концепт на Fashion Police, без Џона Риверс почна да се емитува на почетокот на јануари. Поради несогласување со расистички коментар на Џулијана Ранчич, шоуто прво го напушти Кели Озборн. Таа на својот профил на „Твитер“ побара од Џулијана да се извини за несоодветната критика кон фризурата на младата ѕвезда Зендаја, односно за нејзините суканици, за кои рече дека „сигурно смрдат на трева“. На тоа изреагира и самата Зендаја, по што Џулијана јавно се извини. Но сепак тоа не ја задржа Кели во шоуто. Неколку епиздоси по нејзе од морални причини си замина и Кети Грифин.
Нема коментари