Италијанските дизајнери Доменико Долче и Стефано Габана повторно се задолжени за китење на главната елка сместена во фоајето на легендарниот лондонски хотел Claridge’s, а за овие новогодишни празници инспирација пронајдоа во сопствените детски сеќавања и создадоа шумска бајка околу осум метарската елка на која доминираат лампиони и украси со мотив на британското знаме. Дизајнерите на брендот Долче и Габана се пријатели на хотелот и таму често престојуваат, а за овогодинешната елка припремија преку 300 лампиони рачно изработени во Италија. На отркивањето на елката двоецот Долче и Габана повикаа повеќе славни гости меѓу кои и нивната блиска пријателка Кајли Миног која беше облечена во црбено-бел фустан од нивна колекција. Во модели на Долче и Габана се појавија и другите гостинки на предновогодината забава во лондонскиот хотел Claridge’s, како Олга Кириленко, Ана Кендрик, Амбер Ле Бон и Пикси Лот.
Нема коментари