Модните креатори и брендови повторно дизајнираа кукли за кампања на УНИЦЕФ, поточно за иницијативатаLes Frimousses (мали лица) со чија помош се врши вакцинација на децата од Дарфур во Судан. „Шанел“, „Гучи“ и „Диор“ се само дел од водечките модни компании кои се вклучија во проектот, а на 12. по ред иницијатива на УНИЦЕФ покрај модни учествуваат и креатори на накит и уметници од разни области. За да се соберат доволно средства за вакцини, направени се над 80 кукли кои до 23 ноември ќе бидат изложени во Théâtre du Châtelet во Париз, a веќе следниот ден ќе бидат ставени на аукција. Почетната цена на секоја кукла е 700 евра. Бидејќи главната тема за оваа година е опера, куклите се „облечени“ во вечерни комбинации и се фотографирани во театар.
Нема коментари