Луѓето од модната куќа „Гучи“ секогаш имаат јасна визија за идеална жена, што секоја сезона се рефлектира на изборот на заштитно лице за кампањата на брендот. Овојпат креативниот директор на куќата Фрида Џанини одите чекор понапред и за рекламата на колекцијата за есен-зима 2014/14 избра дури седум супермодели кои се пример за модерната жена на „Гучи“. Тоа се Ања Рубик, Џоан Смолс, Ракел Цимерман, Надја Бендер, Суви Капонен, Кармен Педару и Наташа Поли. Фотографите ги направи дуото Мерт и Маркус, а кампањата се одликува со симплифициран концепт во кој облеката и девојките се во прв план, што потсетува на серија рекламни кампањи на брендот од 90-тите и почетокот на новиот век. „Со оваа кампања сакав да создадам модерни и сугестивни портрети кои се олицетворени на она што значи жената на „Гучи“ – индивидуална, силна, сензуална и гламурозна”, изјави Џанини.
Нема коментари