Најзначаните модни награди во Обединетото Кралство, British Fashion Awards, беа вчера доделени во лондонскиот театар Coliseum, во присуство на највлијателните светски имиња во модата. Однапред беше познато дека Ана Винтур, главната уредничка на американски Vogue, ќе ја добие специјалната награда за исклучителни достигнувања во модната индустрија. Наградата ñ ја врачи Натали Масенет, сопственичката на империјата Net-a-porter, која нагласи дека мора да се признае непроценливиот придонес што Ана го даде во индустријата. Наградата за најдобар бренд ñ припадна на Викторија Бекам, која што во последниве години прикажа неверојатна лична реинвенција и креативна енергија, а на доделувањето изненади со својата појава – носеше црн дебел џемпер од својата колекција. Можеби очекивано Кара Делевињ е прогласена за модел на годината, а Сара Бартон од Алексанадар Меквин за најдобар дизајнер на црвен килим. Ердем Моралиоглу е најдобар дизајнер на женска облека, Џ. В. Андерсон на машка облека, а Никола Геские од „Луј Витон“ е најдобар интернационален дизајнер. Актерката Ема Стоун ја зеде наградата за надобар британски стил, а Ања Хајндмарч за најдобар дизајнер на модни додатоци. Доделени беа и награди за млади дизајнери, а специјални признанија добија стилистот и моден директор на W Magazine Едвард Енинфул и Изабела Блоу која постхумно ја доби награда за моден изумител. Еве дел од атмосферата од црвениот килим, наградувањето и свечениот коктел на кој се појави врвот од светот на модата, музиката, филмот и шоу-бизнисот. (K.T.)
Нема коментари