Британскиот моден бренд „Барбери“ вчера го претстави празничниот краток филм „Од Лондон со љубов“ во кој главната улога ја има 12-годишниот Ромео Бекам, кој беше ѕвезда и на забавата во Лондон по повод лансирањето на видеото на која се појави со своите родители Дејвид и Викторија Бекам. Видеото е инспирирано од златното доба на филмските мјузикли и ја раскажува приказната за вљубувањето на еден млад пар кое што се одвива пред драмaтична лондонска сценографија. Ромео по вторпат учествува во рекламна кампања на „Барбери“, а креативниот директор на луксузниот бренд Кристофер Бејли го избра и за ова видео со кое се најавуваат божиќните празници. „Оваа празнична кампања е прослава на сето она што го сакаме од „Барбери“, мантилот, кашмирната марама, неверојатната музика, британското време и работата со прекрасни и талентирани луѓе. Со радост ја продолживме соработката со Ромео, тој има шарм, стил и голема енергија. Јас сум воодушевен што тој ја има главната улога во празничната кампања“, изјави Бејли.

Ромео Бекам на забавата по повод лансирањето на новото видео на „Барбери“, заедно со родителите Дејвид и Викторија, и со креатовниот директор на брендот Кристофер Бејли
Нема коментари