Модното ателје „Ал Апарел“ на дизајнерката Наташа Карчева деновиве ја претставува колекцијата „Божиќна приказна“ преку лукбук со манекенката Ивана Гелева од агенцијата „Подиум“. Фотографите ги направи Марина Трајковска, а за шминката и фризурата се погрижи Зорица Николова. Етикетата „Ал Апарел“ на Карчева постои девет години, досега беше претпознатлива по венчалн и фустани и свечени тоалети, а дизајнерката со „Божиќна приказна“ претставува сосема поинаква модна приказна. Колекцијата содржи 22 креации, тоа се претежно коктел фустани, палта и комбинезони, а користени се црна, бела, црвена, бебешко розева, зелена и сива боја, како и рачно изработени детали. Колекцијата веќе е достапна во ателјето „Ал Апарел“ кое се наоѓа споти скопската гимназија „Јосип Броз Тито“.
Нема коментари