Корада, Делфина и Соле од Blazè
Совршено скоено сако од кватитна ткаенина е моден императив. Парче што секоја жена треба да го поседува. Во потрага по совршен блејзер светските трендсетерки го открија италијанскиот бренд Blazè зад кој стојат три девојки – Корада. Делфина и Соле. Трите се запознале преку италијанското издание на Elle, a благодарение на долгогодишното искуство во модата како стилистки и соработката со познати дизајнери, фотографи и магазини, сфатиле дека треба да се фокусираат на нови интерпретации на најелегантниот и навидум наједноставен дел од женската гардероба – блејзерот. Нивните креации веднаш ги одушевија трендесетерките Каролин де Мегре, Натали Јос и Алекса Чанг, а во потрагата по совршен блејзер сега доминира нова адреса – Blazè Milano.
Нема коментари